Достапни линкови

logo-print

Усогласена платформата на идната владина коалиција


Враќање на безбедноста, интегрирање на регионите опфатени во минатогодишниот конфликт во секојдневните општествено - политички текови, итни активности за реконструкција на домовите и инфраструктурата, враќање на раселените лица, реформи во институциите на власта и јавната администрација и тековно третирање на социјалните прашања. Тоа се прашањата кои во предлог идеите за владината програма се назначени како теми кои бараат ургентен приод.

Потпретседателот на СДСМ Владо Бучковски, потврдувајќи дека на преговорите меѓу коалицијата „За“ и ДУИ е усогласена платформата за работата на идната владина коалиција, нагласува:

„Таа поаѓа пред се на платформата што ја имаше коалицијата „За Македонија Заедно“ и платформата што ја имаше ДУИ. Компатибилни сме во приоритетите.“

Покрај приоритетните, како теми кои ќе бидат третирани како главни се зацртани и мерки за намалување на невработеноста и на сиромаштијата, стратегија за борба против корупцијата, организираниот криминал и тероризмот, како и активности за натамошно и забразно интегрирање на македонија во евроатланските интеграции. За имплементација на програмата е предвидено преземање мерки, како што се создавање мултиетнички механизми, формирање фондови и служби од времен карактер за третирање на итните прашања, создавање ефикасни инструменти на државна контрола и обезбедување механизми за превенција на можни конфликти во општеството. Инаку, преговорите за поделбата на ресорите и за кадровските решенија ќе продолжат утре.
XS
SM
MD
LG