Достапни линкови

logo-print

Американаскиот пазар отворен за македонски челик


Македонија се иззема од превентивните мерки на Соединетите американски држави за увоз на челик се вели во писмото кое вчера го упати претседателот на САД Џорџ Буш до македонскиот премиер.

„Ова изземање значи дека нам на американскиот пазар ни се отвора можност без пазар, доколку ги исполниме критериумите, десетина проценти, онолку колку што од нашата годишна продукција е предвидено да одат во Америка, значи дека ќе моѓат да одат без пречки.“


вели Митко Кочовски финансискиот директор на единствената македонска челичарница „Мак Стил“. Мерката да се воведе увозна царина за челикот Соединетите Американски Држави ја превземаа со цел да го заштитат сопственто производство, од налетот на овој производ што доаѓаше од источните земји.


„Практично, со тие царини таа го затвори пазарот за челикот од Русија, Кореа и од другите земји.Она што беше посебно неповолно за нас е што секој увоз беа воведени тие мерки, без никакви контингенти и исклучоци.“

„Мак Стил“ на американскиот Пазар пласира 10% од сопственото производство на челик. Останатитот дел од вкупното годишно производство кое изнесува 300 илјади тони се пласира на европскиот пазар. Според Кочовски ваквата одлука на американската влада ќе ги релаксира односите и со европските партнери.

Иземањето на македонија од превентивните мерки се должи на успешно завршените преговори за влез на земјата во светската трговска организација се вели во писмото на американскиот претседател испратено до владата.
XS
SM
MD
LG