Достапни линкови

Протести за враќање на старото име на училиштето


Како поддршка на блокадата и незадоволството на учениците Македонци од основното училиште „Даме Груев“ од Шемшeво денеска во Скопје и во повеќето градови во Mакедонија протестираа нивните врсници и средношколци.

„Е,па, ако протестираме, ќе го сменат името. Ако не и ако седиме така мирни – тешко, ќе продолжи истото.“

„Зошто ги смениле имињата?! Тоа е срамота за државата, тоа што ги избркале сите Македонци од таму! Тетово е во Македонија!“

„Протестираме затоа што на нашите другарчиња им се смени името на училиштето. Не може во Македонија да има шиптарски училишта.“

„Па, за тоа протестираме – да го вратат македонското име на училиштето, да не биде на албански јазик.“


велат средношколците од Скопје поддржувјќи ги во нините барања основците од Шемшово.

Промената на името на училиштето е незаконска велат од Министерството за Образование:

„Ставот на министерството е јасен и дециден: прво, не доаѓа предвид промена на името и тоа си останува „Даме Груев“. Секретарката на училиштето којашто од некои непознати лица беше избркана од работа си работи без проблеми, така што нема да недостасува ништо. Се што е од тој дел незаконски, едноставно, не доаѓа предвид да се почитува.“

изјави Ѓорѓи Илиевки потсекретар за основно образование при ова Министерство.

Загриженост за настанатиот проблем изразува и мисијата на ОБСЕ во земјава:

„ОБСЕ мошне внимателно ја набљудува ситуацијата. Ние сме многу тажни поради ситуацијата во која учениците се чувствуваат непожелни во сопственото училиште. Наше мислење е дека жителите на селото и родителите би требало на маса повторно да разговараат за да ги разрешат проблемите. Според нас, тие би требало да го следат легалниот процес доколку сакаат менување на името на училиштето и поставување споменик. Што се однесува до протестите, според нас во демократските општества секој поединец или група имаат право да протестираат.“

изјави портпаролот на ОБСЕ Волвганг Гревен.
XS
SM
MD
LG