Достапни линкови

Позитивни резултати и веродостојни податоци


По завршувањето на проектот за поддршка на реформите на статистичкиот систем на земјава, очекуваме дека ќе произлезат позитивни резултати, односно во земјава да се добиваат веродостојни податоци за сите области, Прв тест за ова ќе биде токму претстојниот попис на населението, вели Џорџ Папајанис, раководител на програмата за претпријатија на Европската агенција за реконструкција кој беше одговорен за спроведување на овој проект вреден 1, 84 милиони евра. Во овој проект беа вклучени Заводот за статистика и државниот завод за здравствена заштита, а го спроведуавше ИКОН институот од Келн.

„Околу милион евра беа потрошени за специфичен софтвер и за методолигија, односно на техничките работи кои исто така се важни , а останатите средства се користеа за тренинг на персоналот. Во обуката беа вклучени повеќе од 200 луге кои ќе работат по модерен статистички систем. Обуката ја водеа претставници од државите на европската унија и САД. Ова ќе ја гарантира корисноста и квалитетот на статистичките информации.“

Според Папајанис ова ќе има позитивно влијание врз секојдневниот живот на луѓето, со тоа што ќе се добијат поточни информации за голем број сектори како на пример здравство, вработување, а за возврат тоа ќе доведе до создавање на подобри начини за решавање на проблемите во овие сектори.

Меѓудругото, целта на проектот е да го доведе државниот статистички систем поблиску до стандардите на Европската Унија.
XS
SM
MD
LG