Достапни линкови

logo-print

Багдад: Хусеин сеуште не го коментирал говорот на Буш


Ирачкиот лидер Садам Хусеин сеуште не го коментирал говорот на Буш, но еден ирачки парламентарец рече дека американскиот претседател е полн со лаги. Рускиот министер за надворешни работи Игор Иванов во телефонски разговор со американскиот секретар Колин Пауел денеска го повтори ставот дека Ирак е проблем што треба да се решава со политика и врз основа на резолуцијата на Советот за Безбедност на Обединетите нации. На разговорот меѓу Пауел и Иванов не станало збор за синоќешниот говор на претседателот Џорџ Буш во врска со Ирак.
XS
SM
MD
LG