Достапни линкови

logo-print

Запознавање на децата со нивните права


Алберто е шестоодделенец во Основното Училиште „Гоце Делчев“ од скопје кој мината учебна година бил вклучен во проект при што поединечно ги изучувале сите детски права:

„Ние учевме и за обврските на децата. Обично тие часови беа во средите, наместо часовите по ликовно. Ги изучувавме сите права што ги има едно дете. Секое право го проучувавме подобро и преку игри.“

Тој објаснува дека наставничките имаат разбирање за нивните барања.

Борче кој оваа година е петтодделенец во Основното Училиште „Кирил и Методиј“ посочува дека за него е промена тоа што сега има повеќе настивнички, но вели дека ќе се навикне на тоа, бидејќи

„Наставничките се многу добри со нас. Не не караат.“

Во нашето училиште, и генерално сметам дека се почитуваат правата на децата, но се разбира дека секогаш има простор и за нивно унапредување, вели Мирјана Попстефанова, педагог:

„Зависно од проблемот на којшто се наидува, некаде правата на децата се почитуваат и со обострано почитување од страна на учениците, повозсрасните кон другарчињата.“

Во одбележувањето на детската недела е вклучена и детската амбасада Меѓаши. Драги Змијанац од оваа институција вели:

„Овој пат како и минатата година решивме врз основа на она што го сторивме пред две години, кога имавме еден проект на активност за зацврстување на невладиното детско движење да вклучиме што повеќе партнерски организации. Преку обука, направивме десетина презентери кои држат презентации за правата на децата.“
XS
SM
MD
LG