Достапни линкови

МВР трвди дека Трајковски барал ослободување, тој демантира


Случајот Садула Дураку причина за превирања на релација МВР претседател на државата. Од ова Министерство тврдат дека Трајковски врши притисок за ослободување на Дураку. Според МВР, Трајковски побарал детално објаснување за случајот од највисоките раководители на оваа Министерство, при што во интерес на новите односи во државата побарал Дураку да биде пуштен на слобода.

Од кабинетот на претседателот ги отфрлаат ваквите тврдења на МВР. Според соопштението, Трајковски се заложил за доследно почитување на законите и правната процедура и се изразува зачуденост како може државен орган задолжен за безбедноста на државата да дава политички квалификации на еден исклучително правен случај кој својата разврска треба да ја добие во институциите на системот.

Ослободува на Дураку бара неговата партија. Приведувањето нема правна основа, туку има политички цели, велат во ДУИ кои бараат Дураку и останатите затвореници кои се држат во затвор од политички цели веднаш да се ослободат и Република Македонија да ги почитува обврските кон Хашкиот трибунал, како и законот за амнестија.

„Тоа е продолжение на неколкуте постапки пред изборите. Ми се чини дека продолжува тој начин на МВР. Овој случај е пофлагрантен, затоа што се крши Договорот што Македонија го има со Хашкиот Трибунал.“

изјави портпаролот на ДУИ Агрон Буџаку.

Никола Тупанчевски доктор по казнено право вели постои судир на прописи меѓу Хашкиот Трибунал и македонското законодавство.

„Никаде во статутот на Хашкиот Трибунал не пишува дека може да го исклучи националното законодавство. Во законот за амнестија пак, експлицитно е наведено дека Република Македонија е исклучена од постапување во врска со ваквите предмети.“
XS
SM
MD
LG