Достапни линкови

Уапсен Садула Дураку од претседателството на ДУИ


Основниот суд Скопје 2 на Садула Дураки член на претседателството на ДУИ кој вчера беше приведен од полицијата на пунктот кај Сарај му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Според портпаролот на МВР Воисласав Зафировски Дураку се терети за:

„Тешки форми на кривичните дела велепредавство и загрозување на територјалниот интегритет на Република Македонија, како и за член 404, тоа се воени злосторства против цивилно население. Значи, кривични дела што не се опфатени со законот за амнестија, за што говори и распишаната потерница од надлежниот основен суд Скопје 2 која е распишана на 10-ти декември 2001 година.“

Потпретседателот на ДУИ Теута Арифи на оваа тема денеска разговараше со претседателот на државата Борис Трајковски. Таа го пренала ставот на својата партија за случајот Дураку:

„Овој случај е случај за кој е надлежен судот во Хаг. Тоа е ставот на нашата партија. Тоа е ставот од анализата што ја направивме за случајот Садула Дураку и мислиме дека така треба да се постапи. Тоа беше став на политичката партија, врз основа на тоа тој треба да биде на слобода, а хашкиот трибунал треба да го гони.“

Инаку се работи за еден од петте случаи за кои Хашкиот Трибунал покажа интерес во Македонија. Во конкретниов случај се работи за затворањето на вентилите на Липковската брана за време на минатогодишните судири во тој регион.

„ДУИ е заинтересирана случајот да биде завршен како што налагаат правните основи и за доброто на сите.“

Кај претседателот Трајковски денеска беше и јавниот обвинител Ставре Џиков, но деталите од таа средба не се познати.
XS
SM
MD
LG