Достапни линкови

Израел: Повик за бојкот на Арафат


Израелскиот министер за одбрана Бенџамин Бен Елизер ги повика Европјаните да го бојкотираат палестинскиот лидер Јасер Арафат соопшти министерството за одбрана на Израел. Ова Елизаер го изјавил за време на средбата со евро претствникот Хавиер Солана кој денеска ја започна посредничката мисија на Блискиот исток. Во текот на денот Солана ќе оствари средба и со Арафат во седиштето на палестинскиот лидер во Рамалах, а утре Солана ќе разговара и со лидерот на Израел Ариел Шарон.
XS
SM
MD
LG