Достапни линкови

Страв од губење на сопственоста и покажување на финансиската состојба


Поради фактот што централниот депозитар неправи разлика помеѓу термините акција со право на управување и акција дадена на располагање 40% од акционерските друштва што ги исполнуваат условите за котација во законскиот рок нема да можат да се појавата на првиот пазар на македонската берза велат извори од оваа куќа. Без одобрение од централниот депозитар тргувањето не може да се реализира

„Голем дел од овие компании на коишто се смета за котација нема да може да ги исполнуваат условите за котација и ние ќе бидеме приморани да ги одбиеме од котација,“

вели Милчо Ќупев директор во македонската берза. Од берзата доаѓа најавата дека проблем да котираат на првиот пазар ќе имаат и комерцијалните банки. Аргументот е:

„НБМ со своја одлука утврдува дека за секој пренос на акции, односно тргување потребно е претходно одобрение на НБМ со што се забавува можноста за ликвидно и ефикасно тргување со акциите.“

Во моментов единствено А.Д Топлификација котира на првиот пазар. Незаинтересираноста на акционерските друштва меѓу експертите се коментира од страв на менаџментот да ја достават комплетната финансиска слика на компанијата на увид на јавноста, како за губење на сопственичката структура која ја поседуват. За оние компанија која ги исполнуват условите, а нема да котираат се предвидени и законски санкции.

„За оние компании што ги исполнуваат условите, а не котираат на македонската берза, комисијата за хартии од вредност ќе може да поднесе кривични пријави против менаџерските тимови, со казна од една година затвор.“

Последниот рок според законот за хартии од вредност е сите компании кој поседуваат минимум 500 илјади евра капитал, имаат сто акционери и 30% од акциите се слободни за продажба најдоцна до 30 ноември да се пријават за котирање на македонската берза.
XS
SM
MD
LG