Достапни линкови

Раководството на училиштето постапува спротивно на рамковниот договор


Состојбите во тетовското село Шемшево каде цел месец по започнувањето на школската година сеуште не се содадени услови за околу 200 ученици на македонски јазик во паралелките од 5-то до 8-мо одделение да започнат со настава, до таа мерка се влошија што мораше да се вмеша и меѓународната заедница. Откако група етнички Албанци од Шемшево и други места го сменија името на училиштето од „Даме Груев“ во „Јумни Онузи“, а во меѓувреме поставија и биста на ова лице во дворот на училиштето, со осуда на ваквите дејства реагираше амбасадорот на ОБСЕ во Македонија Крег Џенес.

„ОБСЕ изразува длабока загриженост за случувањата во Шемшево, а она што се случува таму е спротивно на текстот и духот на рамковниот договор и на позитивниот тек на нормализацијата. Ние сме посебно загрижени за средината во која голем број од учениците се чувствуваат недобредојдени во нивното училиште. Промените во вработувањата, промените на името, одлуката за подигање на споменик бараат правен и демократски процес. Образованието е важно прашање, а одлуките поврзани со него треба да ги донесат надлежните органи. Ги повикувам сите граѓани и лидери да ги отсранат сите однесувања коишто би ги рагрозиле меѓуетничките односи. Се надеваме дека надлежните органи ќе донесат одлука со која децата за многу кусо време ќе се вратат во училиштето.“

Членовите на групата што иницираше смена на името на училиштето смета дека тоа што го сториле за Македонците не треба да претставува никаков проблем.

„До сега немало проблеми, а и во иднина ќе нема проблеми. Зошто се плашат тие.“

Македонците од петте села чии деца настава од петто до осмо одделение посетуваат во Шемшево категорично одбиваат да ги пуштат децата на училиште додека таму главниот збор го води, како што велат, екстремна анти македонска група.

„Планираме решение на проблемот што од ден на ден е поголем да побараме од сите институции за кои мислиме дека можат нешто да направат,“

изјави Зорица Јовановска, таа додава:

„Наш следен чекор е да има прес конференција, ќе побараме да се солидализираат и другите општини со нашата општина, ќе побараме преку Интернет страница да се запознае и меѓународната јавност, а ќе ги запознаеме и матиците на нашите иселеници во странство.“
XS
SM
MD
LG