Достапни линкови

Прва средба за опипување на пулсот


Денешната прва официјална средба меѓу преставниците на СДСМ и ДУИ го означи почетокот на преговоите за состав на новиот владин кабинет. Од двата табора велат на оваа средба единтвено ќе се напипа пулсот на барањата на двете страни. Тимовите ги предводат потпретседателите на партиите Никола Поповски и Радмила Шекеринска од СДСМ и Агрон Буџаку и Теута Арифи од ДУИ.

Од СДСМ потврдија дека ќе се запази досегашниот сооднос при распределбата на ресорите , според тоа Коалицијата За Македонија би задржала десет министерски места во новата Влада додека за ДУИ би биле резервирани четири.

Според потпретседателот на ДУИ Агрон Буџаку оваа партија не се откажва од идеата новите коалициони партнери да излезат со заедничка платформа за понатамошното дејтвување во Владата. За нив рано е да се каже кои ресори би можеле да ги добијата бидејки вели тој

„Се е на маса за договор.“

СДСМ ќе инсистира да ги задржи ресорите одбрана и внатрешни работи, судејќи според синоќешната изјава на лидерот Бранко Црвенковски. Преговорите се очекува да завршат кон крајот на идната седмица. Викендов или најдоцна на почетокот на идната недела претседателот на државата Борис Трајковски треба да го врачи мандатот на лидерот на најбројната политича партија во парламентот Бранко Црвенковски. На седницата закажана во недела централниот одбор на СДСМ треба да реши дали мандатот за составување на владата ќе го задржи лидерот Бранко Црвенковски или ќе го предаде на друг.
XS
SM
MD
LG