Достапни линкови

logo-print

Со индигнација отфрлени одлуките и ставовите на СПЦ


Светиот архиерејски синод на МПЦ, едногласно и со индигнација ги отфрли како противканонски, неважечки и ништожни одлуките и ставовите на соборот на српската црква што се однесуваат на МПЦ.

„Ваквиот неевангелски однос од сестиринската српска православна црква кон МПЦ претставува грубо кршење на црковните канони,“

се вели во соопштението на синодот, што по пет часовното заседавање на македонските владици, го прочита секретарот на синодот, прото ѓакон Ратомир Гроздановски.

Услов за продолжување на разговорите меѓу двете цркви е повлекување на сите одлуки на СПЦ со кои се назначувани раководители и администратори на МПЦ.

„Во спротивно, во ваква ситуација се прекинуваат разговорите со СПЦ.“

Македонската црква ќе ги информира сите православни цркви за грубото мешање на српската црква.

„Како и за очигледното сценарио, со цел да се разнебити се што е македонско, и црква, и нација и држава.“

Што се однесува до поранешниот митрополит Јован, синодот формира комисија за судски процес, што ќе ги проследи сите негови незаконски дејанија и ќе преземе соодветни мерки.

Синодот по седницата и јавно го повика Јован да ги врати сите црковсни средства, инвентар и возила. Истовремено, синодот констатира показатели за големи финансиски злоупотреби од страна на поранешниот митрополит Јован.

„Ова ја посведочува неговата среброљубивост, за што ќе биде изведен и пред лицето на правдата во црковсните и државните институции.“
XS
SM
MD
LG