Достапни линкови

Законите од охридскиот договор приоритет за новиот состав


За четвртиот собраниски состав приоритет ќе бидат законите кои преостанаа од охридскиот договор, а тој ќе има и клучна задажа и да го интензивира процесот на прилагодување на нашето законодавство со она на Европската унија, вели поранешниот претседател на Собранието, Тито Пековски и човек од новото парламентарно мнозинство:

„Финансирањето на локалната самоуправа и законот за патните исправи се прашања за кои албанскиот политички субјект инсистира постојано, но еве сега и меѓународната заедница после првичните изјави по овие четврти по ред парламентарни избори, европејците посочуваат дека токму на оваа сфера треба да се посвети особено внимание.“

Според него третиот парламентарен состав требало да се занимава повеќе со животните прашања на граѓаните преку нормативно уредување на сферата на екомијата, судството и друго, но ова не е реализирано од објективни причини, како на примеер минатогодишната криза.

Токму поради тоа на овој парламемтарен состав му претстои клучна задача со поголема динамика да отвори перспективи за стабилно општество. Тој оценува:

„Полека, но сигурно парламентот се профилира како законодавен дом, би рекол се институционализира како највисок орган во државата.“

Саво Климовски кој беше прв човек во Собранието по победата на парламентарните избори во 1998 на, а кој вети дека ќе го направи Собранието отворен дом за сите граѓани вели дека во таа идеја успеал само делумно:

„Од зградата на собранието треба да се исели претседателот на Републиката, затоа што тој има посебна заштита. Едно цело крило од собранието е блокирано за нормално функционирање на пратениците, а да не говорам за нормално функционирање и доаѓање на граѓаните во кабинетите на пратениците. Втората причина е тоа што многу настани, од косовската криза, па до другата криза итн, доведоа до процеси, а и барања за поголема безбедност во самото собрание.“
XS
SM
MD
LG