Достапни линкови

Њујрок: Средба на членките на Советот за безбедност на ОН со право на вето


Петте земји членки на Советот за безбедност на Обединетите нации со право на вето денеска ќе имаат средба на која Соединетите држави и Британија ќе побараат подршка од Франција, Русија, и Кина да биде усвоена нова резолуција за Ирак. Како што јавуваат агенциите не е исклучено Соединетите американски држави најдоцна до среда во советот за безбеднсот на Обединетите нации да достават нацрт резолуцијата.Можно е исто така Вашингтон да прифати две место една резолуција со што при гласањето ке се одбегне ветото на Франција. Париз бара прво да се усвои резолуција за обврските на Багдад а подоцна да се усвои и втора резолуција со која ќе се утврдат мерки во случај да не се оствари набљудувачката мисија.
XS
SM
MD
LG