Достапни линкови

Виена: Продолжуваат разговорите меѓу Ирак и инспекторите за оружје на ОН


Инспекторите за оружје на Обединетите нации и претставници на Ирак денеска во Виена ги продолжија разговорите зад затворена врата. Претставникот на Мегународната агенција за атомска енергија Мохамед Ел Барадеи рече дека на инспекторите треба да им биде дозволен пристап на секое место и во секое време во Ирак. Според агенциите Ирак на средбата планира да понуди повеќе дискети со информации за воени и цивилни нуклерни капацитети во таа земја.
XS
SM
MD
LG