Достапни линкови

„Овде сме, тепајте не!“


Неколку стотици новинари под мотото „Овде сме, Тепајте“ протестираа денеска пред Министерството за Внатрешни Работи. Во име на ЗНМ пораката до ова министерство ја прочита новинарката Снежана Лупеска:

„Здружението на новинарите на Македонија со овој протест го крева својот глас против сите видови притисок и застанува во одбрана на дигнитетот на професијата новинар. Токму затоа, во македонското новинарство не смее да има молк. Ако ви е до тепање, овде сме, тепајте!“

Од страна на министерот за Внатрешни Работи Љубе Бошковски беше предложено шест члена новинарска делегации да се сретне со него, но такавата понуда беше одбиена по што министерот Бошковски се обрати на новинарите:

„Ве поддржувам во вашите барања – како министер за внтрешни работи и како човек кој ги помина сите овие фази со дел од новинарите во периодот кој е зад нас. Се надевам дека периодот што е пред нас ќе биде многу подобар за македонското новинарство, а јас како иден пратеник ви ветувам дека ќе се залагам за правата на новинарите. Го поддрѓувам барањето што го истакна почитуваниот претседател на Здружението на новинарите. Верувам дека ако немате друг пратеник во македонскиот парламент кој ќе го поднесе амндманот за измена на Кривичниот закон, тоа ќе биде поранешниот министер за внатрешни работи.“
XS
SM
MD
LG