Достапни линкови

ММФ ќе притиска за отпуштање на нововработените


Додека меѓународниот монетарен фонд инсистира годишно бројот на вработените во јавната администрација да се намалува за 10%, владата во заминување продолжува со масовните вработувања кој се на товар на буџетот. Ваквиот потег професорот на правниот факултет Јане Миљовски го коментира како замка за паѓање во ендекот на новата влада.

„Всушност, тоа е ендек во којшто уште од почетокот се турка новата влада. Се вработуваат луѓе за коишто апсолутно нема ни средства, ни места. Владата вети дека нема да има реваншизам, меѓутоа, сега ако мора да ги отпушта сега вработените, тоа ќе може да се прикаже како реваншизам.“

Со оглед на фактот дека нема да има друг избор, новата влада на овие ново примени работници ќе мора за скоро време да им подели отказни решенија. Со ваквиот потег полити6ката структура која треба да ја превземе власта, на самиот почеток од своето владеење ги заработува првите негативни поени кај одредена структура на луѓе.

„Мора да ги отпушти тие луѓе и со тоа ќе го предизвика нивниот гнев, а ако не, пак, и се става една јамка од страна на ММФ кој ќе притиска за отпуштање.“

Непродуктивните вработувања само дополнително ќе ја оптоварат државната каса. Нејзиното полнење преку зголемувањето на даноците е веќе невозможно со оглед на постојните високи даночни стапки. Па оттаму за санирање на ваквата ситуација има две решенија.

„Економските реперкусии ќе бидат или понатамошно смалување на платите на администрацијата, или отпуштањето. Нема друго.“

Се работи за вработувања, што не се планирани ни со буџетот за 2002 година. Одговорноста мора некој да ја сноси, бидејки во случајов имаме класично кршење на законот.

„Буџетот е закон. Според тоа, ако се прекрши буџетот, се прекршува и законот. Е, сега, не знам како тоа ќе се вклопи во правниот систем, но мислам дека може да се најде начин за тоа.“

Според Миљовски владата мора да изнајде правни механизми за враќање на бројот на вработените во јавната администрација, на постојното ниво од пред три месеци.
XS
SM
MD
LG