Достапни линкови

Продолжување на мисијата за НАТО уште три месеци


Во очекување да се формира новата влада претставниците на меѓународните мисии веќе ги дефинираа своите сугестии - на Македонија и е потребно присуство на ОБСЕ и НАТО и во следниов период.

„ОБСЕ секако ќе ја смета за добредојдена доколку биде донесена одлуката за продолжување на мандатот на Наменските сили „Лисица“ најмалку до крајот на годинава, како што знаете тие се тука да се грижат за набљудувачите на ОБСЕ и би сакале да бидат тука додека и ние сме тука.“

изјави портпаролот на мисијата Вофганг Гревен. Истовремено, тој најави дека веќе се разговара и за можноста набљудувачите на ОБСЕ да го продолжат престојот во земјава и по 26-ти октомври кога завршува нивниот сегашен мандат. Оттаму во разговорите за меѓународното присуство во земјава веќе не се смета на три туку на повеќе месеци.

„Ќе бараме продолжување на мисијата на НАТО, очекуваме мандатот да биде продолжен за три месеци, со можност за уште едно продолжување од три месеци.“

изјави подпредседателот на СДСМ Владо Бучковски. Потврда за разговорите што веќе се во тек даде и директорот на НАТО за Балканот Роберт Сери ги водеше во Скопје.

„Разговаравме со вашиот претседател за тоа на каков начин НАТО би можел да продолжи да помага во мировниот процес. Прерано е да се говори за деталите, владата сеуште не е составена, но можам да ви кажам дека по разговите тука заминувам со добро чувство за тоа што НАТО може да направи во иднина,“

рече Роберт Сери по средбата со председателот Трајковски. Од неговиот кабинет е потврдено дека наскоро ќе биде побарано продолжување на мандатот на НАТО. Прашањето за кое сеуште се прецизиераат деталите е придодата и траењето на мисијата.

„Мое лично мислење е дека сеуште е важно таа да биде присутна веројатно до средината на идната година.“

изјави специјалниот европски пратеник Леруа.
XS
SM
MD
LG