Достапни линкови

Недоволна застапеност во парламентот


Бројката од околу 20 пратенички мандати за жените не е доволна, вели Билјана Бејкова од Институтот Евробалкан која посочува:

„Тоа е процентулано некаде околу 16 или 17 насто жени, а нели оваа квота барем во законот за избор на пратеници беше 30 насто.“

Според неа бидејќи жените се повеќе од 50 проценти од популацијата, нормално е да се стремиме да се оствари квотата од 30 насто жени во парламентот, а потоа тие да бидат и пропорционално застапени во јавниот живот.

„Не само квантитативно, се разбира квалитативниот елемент е многу важен, значи не само жените како жени, туку и да бидат квалитетни и да бидат на позиции соодветни на нивните способности.“

Таа посочува дека на жените што обезбедија место во собраниети им претстои голема работа. Според неа, тие ќе треба да бидат:

„Видливи и гласни, значи не само за генерално голем број проблеми што го засегаат општеството, туку исто така и за конректни проблеми коишто ги тиштат жените и мажите во општеството.“

Оттаму таа порачува дека е потребно тие внатрешно да се организираат и за многу проблеми да лобираат кај своите колеги парламентарци.

Каролина Ристова една од новите пратенички во Собранието вели дека жените во законодавниот дом ќе ги отвораат повеќето прашања што се маргинализирани, а што значат политичко артикулирање на она што претставува женско искуство во општеството.

„На пример проблеми на диксриминација во работниот однос, како да се заштитата на жените при вработување и во работниот однос. Сексуалното насилство или семејното насилство, значи проблеми што жените повеќе ги чувствуваат отколку мажите.“
XS
SM
MD
LG