Достапни линкови

Денеска се издаваат уверенијата за пратениците


Претседателката на ДИК Мирјана Лазарова Траковска денеска им ги издава уверенијата на 119 новоизбрани пратеници. Со тоа практично кандидатите за кои електоратот реши да бидат дел од законодавниот дом, ја добиваат потврдата дека се избрани за членови на парламентот и може да присуствуваат на конститутивната седница закажана за четврток.

„До пред малку е подигнато само едно од уверенијата и тоа го направи господин Азис Положани.“

изјави портпаролот на ДИК Зоран Таневски. Уверението од ДИК е услов за присуство на седницата на која се верифицира мандатот, а тоа е неопходно дури и во случај кога избраниот кандидат има намера да го отстапи своето пратеничко место во собранието.

„Меѓутоа, доколку некој од новоизбраните пратеници не дојде да го земе уверението тоа ќе може да го направи во наредните денови.“

објаснува Таневски.

На списокот на избраните 119 пратеници се и 16 парламентарци на ДУИ. Нивното доаѓање го најави портпаролот на партијата Агрон Буџаку.

„Јас ги известив вчера вечер и очекувам да дојдат.“

Буџаку ги толкува како погрешни интерпретации информациите дека ДУИ бара зголемени мерки за безбедност поради заканите за сигурноста на Ахмети и Велиу.

„Прашањето беше за безбедност и за доаѓање. Нормално е во една правна држава пратенците избрани од народот да имаат безбедност.“
XS
SM
MD
LG