Достапни линкови

Коштуница и Лабус со најголеми шанси


Во Србија денеска се одржуваат претседателски избори – први од отстранувањето на Слободан Милошевиќ од власт пред две години. Според испитувањата на јавното мислење, главната битка ќе се води меѓу југословенскиот претседател Воислав Коштуница и заменик-премиерот Мирољуб Лабус, поранешни сојузници во движењето што го собори Милошевиќ.

Единаесет кандидати, меѓу нив, поранешен филмски актер, бивш шеф на генералштабот на армијата и професор по уметност, се гледаат како идни претседатели на Србија. Но граѓаните, како што се очекува, најмногу гласови ќе дадат за Коштуница и Лабус. Сепак, според последните анкети, никој од нив нема да добие и над пеесет насто потребни за да се победи уште во првиот круг. Затоа, аналитичарите велат дека треба да се очекува и втор-по две недели на кој ќе се решава меѓу двајцата најдобро пласирани претседателски кандидати. Изборите, според експертите, главно ќе го изразазат очекувањето на граѓаните за подобрување на економијата во Србија која останува една од најсиромашните земји во Европа. Неофицијалните статистички податоци велат дека стапката на невработеност е меѓу 25 и 30 проценти. Во изминативе две години професорот по правни науки Мирољуб Љабус помогна во преговорите за добивање на многу потребната финансиска помош од меѓународните институции. Тој е за забрзување на реформите и на напорите за влез во Европската Унија.

„Ќе направиме се веќе да нема граници, да бидеме дел од една обединета Европа каде што ќе работиме. Мислам дека можеме да се натпреваруваме со нашите соседи.“

За разлика од од Лабус, Коштуница е попретпазлив во однос на брзината на реформските чекори, изјавувајќи дека граѓаните на Србија доволно страдале.

„Кој може да го објасни толкавиот број невработени. Владата нема социјална програма.“

Коштуница исто така ја обвини владата на српскиот премиер Зоран Ѓинџиќ за корумпираност. Отвореното ривалство меѓу нив започна во минатата година околу дозволата на Ѓинџиќ за предавање на Милоѓевиќ во Хаг. Пораката пак на Коштуница е јасна, ако победи ќе побара предвремени парламентарни избори и нова влада. Доколку победи Лабус пак, кој иако настапува како независен кандидат, ја ужива поддршката од српскиот премиер, тоа според аналитичарите, ќе значи натамошно останување на власт на Ѓинџиќ. Анкетите покажуваат дека на трето место на претседателските избори во Србија ќе се пласира тврдиот националист Воислав Шешељ. Неговите тринаесет насто, колку што се очекува да освои, би можело да го решат

победникот на вториот круг по две недели. Шешељ веќе изјави дека го поддржува Коштуница.

„Мојата главна политичка цел е да ја соборам мафијашката и предавничка влада на Зоран Ѓинџиќ, како и одржување предвремени парламентарни избори.“

изјавуваше Шешељ во својата кампања. Поради безбедносни причини, на претседателските кандидати не им беше дозволено да одржуваат предизборни митинзи на Косово иако скоро триста од над осум илјади и шестотините гласачки места се наоѓаат во таа покраина.
XS
SM
MD
LG