Достапни линкови

logo-print

Освоена наградата Париз 2002


Фабриката за шински возила Велес е единствената фабрика во Република Македонија што ги одржува, поправа и реконструира сите видови патнички вагони, електро и дизел моторните гарнитури, а врши и промена на товарните вагони од еден во друг вид.

По усшешно завршениот ремонт на дизел моторниот воз, познат под името „Шпанец“ во портфолиото на фабриката забележани се извршените услуги за Оптима експрес, Окта, Фершпед како и белградски косовски железници. Неодамна комбинатот го заокружи процесот за добивање на сертификатот ИСО 9001.

Раководителот Елизабета Митрева вели:

„Во 2001 година започна сертификациската постапка за добивање на сертификатот ИСО 9001. Таа заврши кон крајот на август.“

Токму поради високиот квалитет на извршените услуги, оваа е единствена фабрика од ваков вид во државата која постои од далечната 1916 година. Годинава, фабриката е добитик на милениумската награда за квалитет „Париз 2002“.
XS
SM
MD
LG