Достапни линкови

Багдад: Ирак ќе соработува со инспекторите за оружје на ОН


Министерот за надворешни работи на Ирак Наји Сабри денеска изјави дека Ирак ке соработува со инспекторите за оружје на Обединетите Нации откако Соединетите држави и Британија синоќа до Советот за безбедност на Обединетите Нации доставија резолуција со која на Ирак му се даваат седум дена да прифати враќање на инспекторите кои треба да имаат слободен пристап во сите градови. Сабри на средбата со претсавниците на соединетите држави Џим Мек Дермот, Дејвид Бониор и Мајк Томпсон исто така додаде дека во Ирак нема оржује за масовно уништуавње. Следната недела во Виена претставникот на инспекторите на Обединетите Нации Ханс Бликс ќе започне разговори со претставниците на Ирак. Во случај Багдад да ја прекрши резолуцијата се предвидува членките да можат да употребат сила врз Ирак. Овој документ треба да биде разгледан во Советот за безбедност во понеделник, а во меѓувреме американските и британските дипломати лобираат да добијат подршка од Франција Русија и Кина кои имаат право на вето во Советот.
XS
SM
MD
LG