Достапни линкови

Чекор за приближување на Македонија кон алијансата


Учеството на македонските безбедносни сили во вежбите организирани од НАТО, поточно Партнерството за мир се од посебно значење и придонесуваат за приближување на нашата земја кон алијансата, вели Зоран Секуловски портпарол на министерството за одбрана.

„Во текот на 2002 година, АРМ има планирано да учествува на 11 вежби на НАТО, Партнерството за мир или на билатерални вежби. Од нив веќе се реализирани 6, а до крајот на годината ќе се реализираат уште шет вежби. На досегашните шест вежби АРМ учествувала со вкупно 43 претставници.“

Со учеството на овие вежби армијата директно ги подржува партнерските сили и тоа во неколку области

„првенствено јазичната обука, областа на командувањето, контролата и комуникациите, логистиката, воено-цивилната соработка и секако последна, но најзначајна област е постигнувањето интероперативност кај декларираните сили.“

Инаку деновиве во тек е мегународната вежба Кооперативен клуч 2002 која се одржува во Франција, во која покрај воениот персонал од 10 земји членки на НАТО има и 12 учеснички на Партнерството за мир каде активно учество имаат и Воздухопловните сили на нашава земја.

„Вежбите во кои учествуваат војниците ќе придонесат за нивото на интероператибилноста со операциите на НАТО. Целта на овие вежби е да им дозволи на многу држави кои не се членки на алијансата, но сакаат ад работат со оваа организација на различни операции како оние на балканот, тоа да им биде овозможено согласно со прописите на НАТО,“

изјави мајор Тим Дан, претставник на НАТО

Инаку во рамки на нашите напори за учество во мисиите за спречување на конфликтни ситуации двајца војници се во мировната мисија на Обединетите нации во Афганистан.
XS
SM
MD
LG