Достапни линкови

logo-print

Конститутивната седница на 3-ти октомври


Конституитивната седница на новиот состав на Собранието ќе се одржи на 3 октомври, така реши актуелниот претседател на Собранието Стојан Андов, со што е испочитувана Уставната одредба во рок од 20 дена од оржувањето на изборите да се закаже конститутивната седница.

На дневен ред на оваа седница меѓу другото се наоѓаа и точката, избор на претседател на Собранието и верификација на пратеничките мандати додека со седницата ќе заседава најстариот по години пратеник. Таа чест според сите најави ќе му припадне на актуелниот претседател Стојан Андов.

Инаку денеска Врховниот Суд се произнесе по сите жалби на политичките партии за резултатите на оделни избирачки места во изборните единици, со што како соопшти портпаролот на ДИК Зоран Таневски:

„По подносители на листи ги имаат освоено следните пратенички мандати: коалицијата „За Македонија Заедно“ 60 мандати, коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ЛП 33 мандати, ДУИ 16, ДПА 7, ПДП 2, НДП 1 и СПМ 1.“

Условно кажано тоа значи дека:

„Е вратен оној еден мандат на коалицијата „За Македонија Заедно“, така што таа сега има 60, а исловно речено одземен еден од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ЛП, така што таа коалиција има сега 33.“

Таневски повтори дека во недела ќе се прегласува во Орќуше и Лешок.
XS
SM
MD
LG