Достапни линкови

Хаг: Месиќ ќе сведочи против Милошевиќ


Обвинителот во Хашкиот Трибуналот Џефри Најс на судењето на поранешниот Југолсовенски претседател Слободан Милошевиќ што денеска се води по предметот за Босна и за Хрватска рече дека ке докаже оти Милошевиќ имал клучна улога во -како што рече -спроведувањето на криминалната намера да бидат делумно уништени боснанските муслимани и дека е одговорен за злосторствата врз Хрватите. Најс најави дека хрватскиот претседател Стипе Месиќ ќе сведочи оти Милошевиќ и тогашниот хрватски претседател Фрањо Туѓман се договарале за поделба на Босна и Херцеговина. Мегу 61 то обвинение што се поднесени против Милошевиќ најголемиот дел се однесуваат за геноцид.
XS
SM
MD
LG