Достапни линкови

За директните учесници во конфликтот нема место во владата


Од идната недела СДСМ ги започнува преговорите за коалицирање со Демократската унија за интеграција, потврди лидерот на социјалдемократите, Бранко Црвенковски.

„ДУИ после овие избори е легитимен претставник на граѓаните Албанци во Македонија, и тоа со неспорен легитимитет и огромно мнозинство во однос на другите политички партии на Албанците. Од тој аспект гледано ние ќе ја респектираме волјата на граѓаните, а од друга страна остануваме на тезата дека не само за Али Ахмети, туку за било која личност којашто била директно инволвирана во конфликтот минатата година, ќе нема место во извршната власт.“

Во меѓувреме сите комбинаторики за министерските места се шпекулации:

„Во Македонија успешно завршена работа е целосно завршената работа. Додека се не се заврши, можни се разно-разни изненадувања, опструкции итн. Сето она што се објавува во медиумите околу некои личносати и функциите што ќе ги заземат се чисти шпекулации. Не навлегувам во тоа дали се измислени работи или од некого добиени информации. Се надевам дека ми верувате дека повеќе информации од мене кој и да е не може да има.“

На неформалата средба одржана во резиденцијата на францускиот амбасадор во земјава Франсоа Терал, присуствуваа и специјалниот претставник на Европската унија, Ален Ле Роа, шефот на мисијата на ОБСЕ, Крег Џенес и американскиот амбасадор Лоренс Батлер. Тие претходно имаа средба и со лидерите на ДУИ и ПДП.
XS
SM
MD
LG