Достапни линкови

Удар врз единството на МПЦ


Архиереите на МПЦ, денеска на вонредна ад-хок седница треба да го разгледаат назначувањето на расчинетиот владика Јован за канонски владика за цела Македонија од страна на СПЦ. Потегот што беше оценет како нечуена дрскост во првата реакција на портпаролот на МПЦ отец Тимотеј наметнува вонредна состојба:

„Вонредни состојби и ситуации.“

Според најавите што доаѓаат од Белград ова може да биде продолжување на серијата удари врз МПЦ. Такви се очекувањата и на владиката Тимотеј:

„Тоа е во нивни стил. Не не изненадува и не е тоа првпат од нивна страна да прават неразумни чекори.“

Наспроти шпекулациите, постои единство во синодот на МПЦ, вели Тимотеј:

„кој што гаи во себе ние не сме толку видовити да знаеме, но јавно и официјално никој не стои зад ова.“

Тој додава дека, дијалогот сепак е единствен начин за излез од оваа ситуација.

„Само со контакти и со разговори можат да се доближат релациите, инаку, со затворање во себе и со фрлање дрвја и камење едни против други ништо не се решава.“

За професорот по филозофија Бранко Саркањац вниманието што се посветува околу случувањата со црквата е преголемо:

„Нема потреба црквата да се става толку во центарот на вниманието. Во крајна линија, идентитетот на Македонецот не може да се редуцира на врската меѓу државата и црквата.“

Тој посочува пример со литерутурата која се користи на факултети и која е во голем дел на српски јазик, што ја отежнува работата на студентите:

„За мене тоа е многу посуштествен проблем, отколку проблемот со црквата.“
XS
SM
MD
LG