Достапни линкови

Проект за јакнење на малцинските права во регионов


Вистинскиот живот и реализацијата на човековите потребите, а со тоа и потребите на малцинствата се одвиваат на локално ниво, токму поради тоа ние ќе работиме со претставници на локалната самоуправа, вели Пеце Јовевски, координатор на проектот за јакнење на малцинските права во регионов, кој во земјава го спроведува организацијата Каритас, а е поддржан од Европската комисија.

Тој посочува дека при реализација на проектот тие ќе водат сметка и за европските стандарди во однос на човековите права, но акцентот ќе се стави на практичното.

Повеќето конвенции се веќе потпишани, вели Јовевски, сега тие треба само да се применуваат во реалниот живот.

Проектот ќе се спроведува:

„во наредните три години на целиот простор на поранешна Југославија освен во Словенија и главни точки се локалната самоуправа, човековите права, малцинските права и мал акцент на ромските прашања.“

Јовевски посочува дека целта е:

„постигнување на нова клима во регионите кајшто ќе се работи во однос на третманот на правата на малцинствата и на човековите права и сето тоа во рамките на локалната самоуправа и на ромското малцинство со своите специфики.“

Во овој проект се вклучени експерти од областа на човековите права, претставници на локалната самоуправа и невладиниот сектор.
XS
SM
MD
LG