Достапни линкови

Според Десковска 20 дена по изборите, Андов вели измислуваат


На 5 октомври не истекува рокот за свикување на конститутивната седница на новиот состав на Собранието е ставот на сеуште актуелниот претседател на Собранието Стојан Андов.

„Не. Тоа така си измислуваат. Откога ќе ми испратат, течат дваесет дена. Дотогаш нема избори, туку таа, Државната изборна комисија кажува дека се одржани избори. Да, инаку од каде знам, можеби немало избори! Ние сите гласавме, но тоа не мора да значи дека имало избори. Таа може да каже дека не биле успешни и дека треба да се одржат уште еднаш. Тоа е нејзино право и само таа е власт, никој друг. Значи, мора да дојдат сертификатите, уверенијата дека имаме избрано пратеници.“

Во ДИК потвдуваат дека сертификатот, одоносно решението се уште не доставено до Андов, но не ја коментираат процедурата дали на 5-ти истекува или не рокот за свикување на седницата.

Магистар Рената Десковска од правниот Факултет повикувајки се на Уставот вели:

„Новоизбраното собрание се конституира на седница којашто се одржува најдоцна 20 дена од денот на одржаните избори. Конституитивната седница ја свикува претседателот на претходното Собрание. Ако тој не свика седница, тогаш пратениците се собираат на 21-от ден од денот на изборите во 10 часот и самите ја одржуваат седницата за конституирање на новото Собрание. Тоа може да се конституира доколку на седницата се присутни мнозинство од вкупниот број пратеници и доколку на таа седница се верификуваат мандатите на две третини од вкупниот број пратеници.“

Ианку синоќа заврши рокот во кој Врховниот Суд требаше да ги разгледа жалбите од политичките партии што се однесуваа на процедурата за гласање по што веќе тече рокот од 48 часа за разгледување жалби за вкупните резултати од изборите.
XS
SM
MD
LG