Достапни линкови

logo-print

Сериозен удар за односите меѓу двете цркви


Македонската Православна Црква не верува во информацијата за назначување на расшчинетиот владика Јован за егзарх охридски и плаошки од страна на Српската Прваославна Црква. Сепак со оглед на тоа како досега се одвиваа работите со Јован, се е можно вели портпаролот на МПЦ владиката Тимотеј:

„Но, тоа е само залудно, без никакви ефекти и само ќе ги комполицира односите.“

Оттаму доколку ваквите најави се покажат за точни тие ќе бидат сериозен удар за односите меѓу двете цркви, вели владиката Тимотеј:

„Јас мислам дека тоа ќе биде еден голем камен и тоа сигурно нема да може да се реши во наше време и ќе им остане на идните генерации. Јас лично сметам дека само дијалогот е форма и начин за изнаоѓање на решение и за симнување од дневен ред на ова отворено прашање.“

Со оценка дека станува збор за отворена објава на војна реагира и светскиот македонски конгрес кој бара:

„Светиот архиерејски синод на МПЦ дефинитивно и најенергично во судска постапка, во согласност со уставот на МПЦ, независно од намерата на СПЦ, да го расчини епископот Јован, да му го одзеде монашкото достоинство, да ги расчини сите монаси и свештеници припадници на неговата тнр. домашна секта во Македонската православна црква.“

изјави Тодор Петров. Во меѓувреме расчинетиот Јован денеска присуствува на вонредното дводневно заседание на архиерејскиот собор на Српската Православна Црква на чија агенда според најавите е и расправа за црковната ситуација во Македонија. Тој претходно ја потврди информацијата за негово назначување за поглавар на Српската Православна Црква во Македонија.
XS
SM
MD
LG