Достапни линкови

logo-print

Багдад: Ирак ќе игнорира нова резолуција од ОН


Ирак соопшти оти ќе игнорира каква било нова резолуција што е усвоена од советот за безбдност на Обединетите Нации. Багдад синоќа јави дека се согласува единствено со предлогот на Кофи Анан за безусловно враќање на инспекторите за оружје. Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд изјави оти не е изненаден од спртивствувањето на Ирак за нова резолуција што ке предвиди специфични услови и таквиот чекор го нарече како уште еден напад против Соединетите држави. Портпаролот на Белата Кука Ари Флеишер рече оти Буш ја одмерува воената опција пртив Ирак, но дека нема донесено одлука.
XS
SM
MD
LG