Достапни линкови

logo-print

ДИК на отворена седница ги разгледува приговорите


Во рокот од 48 часа за поднесување приговори од подносителите на листи до ДИК што помина синоќа беа доставени жалби од двете коалиции „За Македонија Заедно“ и ВМРО-ДПМНЕ и ЛП, како и од петте партии ДПА, НДП, СП, Сојузот на Ромите и ДПМ.

Борис Кондарко од коалицијата „За Македонија Заедно“ информира за нивните приговори и жалби.

„Имаме поднесено и за постапката на гласање, тие ни се одбиени и ќе одиме на врховен суд во тројка и четворка и имаме поднесено за утрврдување за резултатите од гласањето.“

Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ЛП до ДИК поднесе приговори по две основи:

„Не се поклопуваат бројките од записниците коишто се потпишани од страна на набљудувачите и учесниците во изборните процес на избирачките места и она што ДИК го регистрира како бројки и тоа е непоклопување на бројките. И второ се жалевме дека ДИК без разгледување докази и на затворена седница што не било случај на ниту еден од осум изборни круга во Македонија ги одби со надгласување сите наши приговори.“

вели Марјан Ѓорчев, кој посочува дека поради тоа што се одбиени нивните приговори од ДИК тие ќе поднесат жалби до Врховниот суд.

Според законот за избор на пратеници рокот за нивно поднесување е 48 часа ор приемот на решението од највиоскиот изборен орган. Врховниот суд по жалбите решава во совет од петмина судии избрани со ждрепка и е должен да донесе одлука во рок од 48 часа. Тој може да го потврди или смени решението на ДИК и неговата одлука е конечна.
XS
SM
MD
LG