Достапни линкови

Воената опција на Џорџ Буш искомпликувана


Администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш ја отфрли изнендувачката понуда на Багдад да ги прифати инспекторите на Обединетите нации за оружје. Но, потегот на Ирак, по се изгледа, ќе ја намали меѓународната поддршка на барањето на Буш за поцврста акција против Багдад.

Ирачката понуда за безусловно враќање на инспекторите за оружје, како што сметаат аналитичарите, во најмала рака ја искомпликува воената опција на Џорџ Буш за решавање на проблемот со режимот на Садам Хусеин. За некои, оваа понуда привремено ќе ги спречи напорите за постигнување меѓународен консензус околу ирачкото прашање.

„Еднаш кога прашањето за развојот на оружјето за масовно уништување биде вратено, а тоа ќе биде така ако инспекторите ја продолжат својата работа, тогаш на американската админстрација не и останува многу простор за воена акција против Ирак.“

вели Гален Карпентер од КАТО институтот во Вашингтон. Новата ирачка понуда, според аналитичарите, се заканува и со разијдување меѓу Вашингтон и Москва - постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации. Претседателот Буш е на став дека враќањето на инспекторите нема

само по себе да го реши прашањето со ирачкиот режим кој постојано го лаже светот.

„Заради слободата и правдата во целост, Обединетите Нации мора да дејствуваат.“

изјави Буш. Но, сега Москва и Вашингтон не можат да постигнат согласност околу тоа дали е потребна или не резолуција на Советот за Безбедност со која, би била покрената воена акција доколку Ирак не прифати-инспекторите за оружје да имаа поширок мандат од претходниот.

„Ние не можеме да прифатиме дека едно писмо потпишано од ирачкиот министер за надворешни работи значи крај на проблемот. Ние ја видовме оваа игра и порано. Единствениот пат да се обезбедиме дека овој пат не како порано е донесување нова резолуција.“

рече американскиот државен секретар Колин Пауел.
Професорот на Универзитетот во Мичиген Рејмон Тантер верува оти само со натамошен притисок за воена акција врз Ирак, Вашингтон ќе го омекне ставот на Франција и особено на Русија, околу новата резолуција.

„Не мислам дека Русија говори за суштината на случајот. Ако ги продаваш Грузијците и Чеченците, тогаш јас мислам дека ги купуваш русите. Прашањето е: Што администрацијата е подготвена да плати за да ја добие руската поддршка.“

вели Тантер. Шефот на руската дипломатија Игор Иванов демантира дека постои некаква трговија меѓу Русија и Соединетите Држави во однос на Ирак, односно дека Москва ќе се согласи на поцврста акција против Багдад во замена да добие одврзани раце во Грузија.

„Сите можам да ве уверам дека не постои никаков договор меѓу нас и оти не би можело да има. Ние не играме такви игри. Шеварднаѕе се уште е во Студената војна. Ние живееме во подруга ера. Суштинското прашање е борбата против тероризмот – а тоа е единствениот проблем што го имаме со Грузија.“

рече Иванов, додавајќи дека разликите меѓу Москва и Вашингтон за начините со кои треба да се реши проблемот со Ирак нема да ги искомплицира американско-руските односи.
XS
SM
MD
LG