Достапни линкови

Покривањето на изборната кампања според правилата


За прв пат покривањето на изборната кампања се одвиваше според правилата што Советот за радиодифузија ги изработи во соработка со електронските и печатените медиуми, е ставот на раководството на Советот за радиодифузија. Нејзиниот претседател Љубомир Јакимовски изјави:

„Во целина, електронските медиуми што се вклучија во покривањето на изборната кампања обезбедија плурализам во известувањето, иако кај голем број беше забележан и видлив степен на наклонетост кон определени политички субјекти.“

За време на изборниот молк Советот ги набљудувал сите електронски медиуми кои легално емитуваат програма на подрачјето на РМ, а општа оценка е вели Јакимовски:

„Медиумите генерално го почитуваа изборниот молк. Врз основа на добиените снимки, советот констатира 14 неправилности кај вкупно 11 медиуми. Само во еден случај, кај Телевизија 4 од Скопје, Советот се определи да ја примени оваа законска мерка поради фактот што оваа телевизија во два наврати го прекрши молкот со тоа што второто прекршување претставуваше експлицитно агитирање, станува збор за емитување политички спот на организатор на изборна кампања. За сите други случаи на утврдено прекршување, советот одлучи да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка.“

Додека што се однесува до избалансирноста на покривањето на предизборната кампања Советот најмногу забелешки има до Државната телевизија.
XS
SM
MD
LG