Достапни линкови

logo-print

Безбедносната атмосфера главно коректна


МВР оценува дека безбедносната атмосфера во пред и пост изборниот период и за време на изборите главно била коректна, но имало и обиди од поединци и групи за потешки инциденти со жртви кои со преземните мерки на полицијата како што рече Воислав Зафировски се спречени.

„Ова е особено значајно ако се имаат предвид сите оние шпекулации кои говореа за можното инструментализирање на Министерството за внатрешни работи.“

Според полицискиот портпарол вечерта непсредно пред изборите имало обид за атентат на Љубе Бошковски додека престојувал во Челопек на погребот на неговиот татко. Планот пропаднал кога во селото како што е познато полицијата усмрти еден припадник на т.н. АНА, а двајца беа повредени. Покрај ова според портпаролот на полицијата неколку инциденти фрлаат сенка на пост изборниот период. Едниот се случил вечерта по изборите кога со пиштол било пукано и во мерцедесот на министерот за финансии Никола Груевски додека тој упрвувал со возилото во близина на реубличкото собрание. Вториот инцидент се случил синоќа кога по полноќ во Кумново под џип на МВР била поствена бомба кашикара во која е оштетено возилото.

За сите овие инцидент Зафировски со оценка дека е наблагодарно да се каже кој стои зад нив.

„Инцидентите што се случија, за среќа, не го нарушија општиот впечаток за демократскиот тек на изборите, но сепак предупредуваат.“

Денот на изборите поминал без посиеризни инциденти, а таму каде што се појавија пртив стрителите се поднесени кривични пријави. За добро организиарите избори тој им одаде признание на граѓаните пред се, како и на полицијата и на прествниците на меѓународаната заедница.
XS
SM
MD
LG