Достапни линкови

logo-print

Лани забележан пораст на странските инвестиции


Странските директни инвестиции во Mакедoнија за 2001 година пораснаа на 530 милиони американски долари, се вели во извештајот на УМКДАТ, конференција за трговија и развој на Обединетите Нации. Во 2000 година во Македонија без инвестирани 158 милиони американски долари. Ваквиот скок на странските директни инвестици во 2001 година се должи во најголема мера на продажбата на македонскиот телеком на унгарскиот Матав.

Со потпишувањето на спогодбата за слободна трговија Македонија дополнително ги отвора вратите за влез на странски капитал изјави претседателот на државата Борис Трајковски.

„Со овие спогодби чинам дека Македонија е многу поатрактивна за странски инвеститори, кои сега знаат дека ако инвестираат во Македонија производот што овде ќе го произведат нема да биде поскап ако го продаваат и во други држави.“

Основен заклучок на извештајот на УНКТАД е дека во минантата година дојде до пад на странските директни инвестиции насекаде во светот што е прв таков пад за последните 10 години. Во периодот 2001 година приливот на странски директни инвестиции опаднаа за 51% и изнесува 735 милијарди американски долари. Ваквиот пад е под силно влијание на светската рецесија и е главно концентриран во развиените земји.

„Ова драстично опаѓање е резултат на заболувањето на светската економија, опаѓањето на деловната доверба што е зајакнато со настаните од 11 септември во САД.“

вели економскиот експерт Зоран Јолевски. Светската рецесија и зголемените инвестици во Македонија нема да го дестабилизираат курсот на денарот уверува гувернерот Љубе Трпевски.

„Во однос на одржувањето на ценовната стабилност и одржувањето на курсот на валутата, можам да ви кажам и да ви ветам дека и во иднина таа стабилност ќе се одржува.“

За разлика од развиените земји, економиите на земјите во развој и централна и источна европа бележат пораст на странските директни инвестиции. Според извештајот на УНКДАТ Македонија е рангирана како 86 земја според приливот на странски капитал за изминатата 2001 година.
XS
SM
MD
LG