Достапни линкови

logo-print

САД: Американците стравуваат од непочитување на човековите права


Според последните испитувања на јавното мислење речиси половина од американското население стравуваат дека во борбата против тероризмот Соединетите Држави ќе ги запостават почитувањето на човековите права и слободи. Истражувањето што го спорведе Националниот Уставен центар покажува дека 49 насто од испитаниците сметаат дека владините агенции имаат прешироки овластувања кои задираат во приватниот живот на граѓаните. Истовремено пак, 40 насто од анкетираните оценуваат дека големите слободи би можеле да бидат злоупотребени од терористите.
XS
SM
MD
LG