Достапни линкови

logo-print

Анализи за можните коалиции


Лос Анѓелес Тајмс не ја исклучува можноста од постизборни проблеми. Резултатите од гласањето, освоеното мнозинство во парламентот ја остава можноста победничкиот македонски блок да одбие да коалицира со партијата на Ахмети поради неговата улога во минатогодишните конфликти. Но додава весникот македонските социјалдемократи би биле под исклучително силен притисок од Запад тоа да го сторат. Западните дипломати, вели Њујорк Тајмс работат на формирањето на новата коалиција од една страна сугерирајќи му на Црвенковски дека би било недемократски да ја игнорира волјата на албанскиот електорат, а од друга барајќи од Ахмети да го одстапи своето парламентарно столче на некој друг сопариец. Проценките се дека тоа би била формула со која би се спасил образот – Ахмети да остане во сенка, надвор од владата, а сепак клучен играч.

Гардијан оценува: сосема е јасно дека новата коалициона влада во своите редови ќе ги има лидерите на минатогодишните бутовници. Дотолку повеќе што, според пренесувањето на Асошиетед Прес Али Ахмети ужива статус на херој меѓу Албанците во Mакедонија. Прашањето што го поставува Идипендет е дали со влегувањето на , некогашниот бутовнички лидер, во конфликтите што етнички ја поделија земјата и зад себе оставија жртви, а сега умерениот Али Ахмети во новата влада ќе ја направи земјата побезбедна? Весникот ги пренесува стравувањата на западните дипломати дека во спротивно незадоволството во албанскиот блок би било толкаво што не се исклучува можноста од нови судири . Весниците пишуваат дека на овие избори тема на која реагираа еднакво и Албанците и Mакедонците. И едните и другите ги обвинуваа досега владеачките ВМРО-ДПМНЕ на премиерот Георгиевски и ДП на Арбен Џафери за коалицирање во корупцијата, шверц со дрога и оружје, цигари.

Весникот ги пренесува оценките на аналитичарот на меѓународната кризна група Едвард Џозеф дека е добар знак што партијата на Ахмети како и партијата на Црвенковски како своја главна грижа ја посочуваат токму борбата против корупцијата, за која е непоходна меѓуетничка соработка.
XS
SM
MD
LG