Достапни линкови

logo-print

Коалиција на сите албански партии


Претседателот на ДУИ Али Ахмети чија партија освои најголем број пратеници од останатите албански политички партии ги повика на заедничко коалицирање.
Тој за Радио Слободна Европа изјави:

„Ќе продолжам да го следам курсот за кој се ангажирав и порана, ги повикувм сите остнати албански политички партии да направиме заедничка коалиција и да ги предводиме демократските процеси во иднина.“

изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Во ДПА како и во ПДП велат ваквата понуда е прашање за највисоките инстанци во партиите кои засега се со резервиран став.

Единствени што ја поздравија ваквата идеја е Партијата на Кастриот Хаџиреџа која во идниот состав на собранието ќе ја преставува еден пратеник.

Генералниот секретар на Партијата Џеват Адеми изјави:

„Апсолутно ја поздравувам изјавата на господинот Ахмети и сметаме дека ДУИ има не само политичко, туку и морално право да ги координира активностите на албанските политички партии. Сметаме дека последнава изјава е манифестација на политичка одговорност за изградба на нова Македонија, за заеднички почеток.“

Во СДСМ чија коалиција освои речиси 50 насто од пратеничките мандати во собранието велат се уште е рано да се зборува за коалицирање со останати политички партии. Владо Бучковски потенцира:

„Ќе ги сочекаме официјалните резултати. Во секој случај, ќе коалицираме со албанска политичка партија.“

Додека лидерот на ДУИ Али Ахмети на прашањето дали започнале контакти со СДСМ за заедничко коалициорање вели:

„Сеуште немаме директни контакти , останува да видиме како ќе течат работите понатаму,“

изјави Ахмети.
XS
SM
MD
LG