Достапни линкови

61 мандат од 98 насто обработени гласови


Според податоците на победничката коалиција што се обработени во 98 проценти тие во парламентот освоиле

„61 мандат, ВМРО и ЛП 33 мандати, ДУИ 16 мандати, ДПА седум мандати, ПДП два мандати, НДП еден мандат.“

објави Владо Бучковски на славеничката прес конференција на која претставниците на колицијата ветија дека нема да заборават да ја исполната како што рекоа огромната обврска што тие ја презеамаат во државата:

„Нашите главни цели се излез од економската криза и враќање на мирот и безбедноста на целата територија на Република Македонија. Со овие избори ние всушност успеавме како држава да се вратиме на вистинскиот пат, по два круга на проблематични и нерегуларни избори во 99-тата и 2000-та, годинава успеавме да организираме демократски, регуларни избори и самиот тој факт ќе претставува една моѓне добра појдовна точка за нашата влада.“

рече Јово Манасиевски.

Актулниот премиер Љупчо Георгиевски синока објави дека нема да биде во можност да формира влада и формално им ја честита победата на неговите политички противници.

„Ние би сакале во овој момент неформално да им честитаме на победниците, на Социјалдемократскиот сојуз и нивната коалиција. Сигурни сме во едно: овие избори беа најдемократски и најфер откога се памети парламентарниот живот во Република Македонија. Посебно би сакал да го потенцирам фактот што сум повеќе од убеден дека волјата на народот е неспорна, граѓаните знаеја што бираат и сметам дека македонскиот народ секогаш во овие 12 години демократија бил во право и останува да биде и понатаму во право. Едноставно, ВМРО-ДПМНЕ останува силна опозиција во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ е тука секогаш кога и е потребно на Македонија.“

Албанскиот електорат мнозинството гласови го даде на партијата на Али Ахмети ДУИ со што оваа партија обезбеди убедлива победа над актуелната владеачка партија ДПА:

„Победата на ДУИ ние не ја третираме само како победа на нашата политичка партија, туку тоа е победа на сите граѓани на Македонија, победа за сите, затоа што ДУИ од самите почетоци покажа и докажа дека опција која се залага за стабилизација и сите такви опции дефиниитивно се победа за сите граѓани.“

рече Теута Арифи од ДУИ. Според неофицијалните проценки на оваа партија тие во парламентот ќе имаат 17 пратеници.

Лидерот на ДПА Арбен Џафери го призна поразот на неговата партија и им честиташе на победниците што ги предводи Ахмети. Во ДПА оценуваат:

„Секоја албанска политичка партија што ќе влезе во владата без однапред договор што треба да реализира таа албанска политичка партија, тоа е само да биде декор за СДСМ.“

Рече Илјаз Халими по исходот од парламнтарните избори.
Инаку изборите поминаа со минимален процент на граганите кои гласале за другите помали политички опции.
XS
SM
MD
LG