Достапни линкови

Значителна предност на коалицијата „За Македонија Заедно“


Одзивот на гласачите, во вкупно пет од шесте изборни единици, како што соопшто портпаролот на ДИК Зоран Таневски изнесува 70.5 насто. Додека одделно по изборни единици:

„Во регионалната изборна единица број еден гласале 208.564, или 74.6 насто. Во регионалната изборна единица број два гласале 203.555 или 72 насто. Во регионалната изборна единица број три гласале 217.680 или 78.5 насто. Во регионалната изборна единица број четири своето право на глас го искористиле 214.270, односно 77.3 насто. Во регионалната изборна единица број пет правото го искористиле 194.064 гласачи или 71.1 насто.“

Според обработените гласови во значителна предност е коалицијата „За Македонија Заедно“, следи коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ЛП, а во албанскиот политички блок води ДУИ. Гласовите од шестата изборна единица ќе бодат објавени подоцна, а официјалните резултати во согласност со законот ДИК треба да ги соопшти најдоцна до среда на полноќ.

За проблемите при гласањето во текот на вчерашниот ден, Таневски вели:

„Гласањето вчера беше прекинато во гласачките места во Лешок тетовско и во Руница кумановско, постои законска процедура откако ќе се утврди состојбата ќе се определи рокот за прегласување. И при тоа, да потсетам ќе има многу големо влијание врз крајниот резултат.“
XS
SM
MD
LG