Достапни линкови

Саудиска Арабија: Дозвола за користење на воените бази против Ирак


Саудиска Арабија ќе дозволи нејзините воени бази да бидат искористени за напади врз Ирак доколку Обединетите Нации се решат да употребат сила против режимот на Садам Хусеин. Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Сауд ал Фејсал во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека евентуалната таква резолуција на Советот за безбедност е обврзувачка за сите. Тој побара од Багдад да им дозволи на инспекторите за оружје на Светската организација да се вратат во Ирак.
XS
SM
MD
LG