Достапни линкови

Изборниот процес на задоволително демократско ниво


Изборниот процес во Македонија е на задоволително демократско ниво, оценува европарламентарката Дорис Пак чија оценка се темели на нејзината денешна посета на повеќе избирачки места.

„Одзивот на гласачите е многу висок и тоа од двете страни како од припадниците на албанската заедница, така и од мнозинското македонско население, но и од останатите националности во земјава. Во текот на посетата на избирачките места не видов поголеми проблеми, мислам дека работата се одвиваше добро.“

Според Пак овие избори се од големо значење, како за Македонија, така и за мегународната заедница бидејќи тие се одржуваат по минатгодишната криза во Македонија

„Мислам дека ние не обрнувавме поголемо внимание на мегуетничките проблеми кои постиоеа овде, Парламентот веруваше, но не и Европската комисија и Советот.“

Дека изборите се од големо значење се потврдува и со фактот што голем број на набљудувачи, односно околу 4000 домашни и 1000 странски монитори, денеска ги посетија изборните места на целата територија на државава. Изборите ги следат и околу 700 домашни и 146 странски новинари кои јавуваат дека изборната атмосфера во земјава е генерално мирна и дека овие избори се од големо значење

Золтан Кабок новинар на Хрватското радио вели дека изборната атмосфера била мирна и конструктиктивна
Тој очекува изборите:

„да ја изразат волјата на граѓаните во онаа смисла во која тие ќе се определат за партиите, потоа да се конституира парламентот и да не дојде до владина криза како што најавуваат некои аналитичари.“
XS
SM
MD
LG