Достапни линкови

Кашмир: Нови напади на исламските милитанти


Двајца полицајци загинале во нападот на исламските милитанти на автомобилот на кашмирската министерка за туризам Сакина Ито. Како што јавуваат агенциите министерката Ито не е повредена. Од како се закажани изборите во индиската провинција Кашмир, што треба да се одржат утре, во оваа држава се убиени повеќе од 400 луѓе, меѓу нив еден министер и повеќе од дваесет претставници на политички партии. Според полициски извори исламските милитанти за секој кандидат што ќе го убијат добиваат награда од две илјади долари.
XS
SM
MD
LG