Достапни линкови

logo-print

Багдад: Ирак го условува враќањето на инспекторите за оружје на ОН


Багдад ќе дозволи враќање на инспекторите за оружје на Обединетите Нации доколку се постигне договор за спречување на американски напади врз Ирак и за укинување на санкциите. Ова го изјави заменик ирачкиот премиер Тарик Азиз на прес-конференцијата по повод говорот на американскиот претседател Џорџ Буш на генералното собрание на Обединетите Нации во кој тој рече дека ќе биде неизбежна акција доколку Светската Организација не успее да го разоружа Ирак кој развива оружје за масовно уништување.
XS
SM
MD
LG