Достапни линкови

logo-print

Гласањето без поголеми проблеми


Со исклучок на Лешок каде што поради насилно одземена гласачка кутија од страна на непознати лица е прекинато гласањето во останатите места низ Републикава изборниот процес се одвива без поголеми пролеми информираат од ДИК:

„Во Лешок нешто по 15 часот, неколку непознати лица со три возила дошле до гласачкото место, украле една гласачка кутија, притоа нападнале еден член на избирачкиот одбор, заминале од гласачкото место и на заминување истрелале неколку истрели. Заминале во правец на Ратае. Полицијата трага по сторителите на ова дело. Во село Кичара, општина Бистрица, битолско селаните го бојкотираат гласањето затоа што барале избирачкиот одбор целосно да биде составен од членови од селото. Во село Слупчане, во текот на денот се регистрирани истрели во воздух. Во Липково имало забележлибо групирање луѓе, се работи за зголемен број гласачи, кои чекаат пред гласачкото место за да го остварат своето право на глас.“

изјави портпаролот на ДИК Зоран Таневски. Одзивот на гласачите заклучно со 16 часот според него:

„Во просек е над 50 насто, еве и податоци за некои општини, Берово 67 насто, Кратово 50 насто, Крива Паланка 55 насто, Делчево 65 насто, Струмица 61 насто, Охрид 50 насто, Струга 51 насто, Тетово 45 насто, Дебар 47 насто.“

Претседателката на ДИК Мирјана Лазарова Трајковска во текот на попладневните часови остфарила средба со амбасадорот на ОБСЕ Крег Џенес и шефот на ОДИХИР Џулијан Бил Јејтс.

„Се работи само за размена на информации.“

Гласачките места се затвораат во 19 часот додека

„Оние лица што ќе се најдат во гласачкото место, ќе им биде овозможено да гласаат, а полицијата ќе ги отстрани, а полицијата ќе ги отстрани од гласачкото место сите неовластени лица.“

Инаку гласовите ќе се пресметуваат според донтовиот модел, што значи вкупниот број на добиени гласови на секоја од кандидатските листи се дели со броевите од еден до 20, колку што треба да се добијат пратеници од изборните единици. Сите добиени количници се споредуваат меѓусебе и се земаат најголемите 20 по што секоја кандидатска листа добива толку пратеници колку што има количници во овие 20.
XS
SM
MD
LG