Достапни линкови

Еден од напаѓачите убиен


Едно лице е убиено, а две се повредени во пресметка на полициска патрола со вооружена група до која дојде вчера по полноќ во долни Челопек.

Според првичните информации, вооружената група која се движела во возило марка БМВ, со италјански регистарски таблички ја нападнала полициската патрола во моментот кога полицајците се обиеделе да го запрат возилото.

Полицајците, инаку сите од резервниот состав на МВР, на нападот ефиксно возвратиле и во глава го застрелале возачот на БМВ-то кој починал на лице место.

Дознаваме дека станува збор за лице познато под името Џаџи, родум од Косово. Тој на полицијата и е познат од порано по неговите терористички дејствија. Во пресметката ранети се уште две лица од вооружената група од кои едниот потешко. Четрвтиот член успеал да избега.

Според избори во МВР во престрелката се повредени две лица. Според наши сознанија во МВР се сомневаат дека оваа група учествувала во убиството на двајцата полицајци во Гостивар, како и на полицаецот во Боговиње, а одговорна била и за некои од киднапирањата на македонските граѓани.

Во возилото е пронајдено поголемо количество оружје, што е префрлено на експертиза во Скопје. Според жители на Челопек, пресметката на полицијата со напаѓачите траела во продолженија од околу еден час и покрај автоматско било употребувано и оружје од поголем калибар.
XS
SM
MD
LG