Достапни линкови

Нападната патрола на АРМ, повредени нема


Околу 11 часот изутринава на граничниот појас со Косово на месноста Блаце од косовска страна нападната пограничната патрола на АРМ за среќа повредени нема.
Инцидентот го потврдија и македонските и влстите на УНМИК на Косово

Портпаролот на МВР Воислав Зафировски вели:

„Имало напад на војничката патрола и напаѓачите се повлекле на косовска страна. Повредени нема.“

Додека портпаролот на УНМИК Андреа Анџели изјави:

„Нашите полициски патроли во близина на грничниот премин кај Гнерал Јанковиќ регстрираа 10 минутно пукање источно од Јанковиќ и заедно со македонските преставници излегоа на граничната линија,“

изјави Ангели кој додаде:

„Границата беше затворена речиси еден час по што таа повторно беше отворена, ситуацијата сега е под контрола.“

УНМИК не можеше да потврди дали при овој инциднт имало повредени бидејки како што вели Анџели:

„Пукањето се случи во делот на македонската територија.“

Детали за претпладневниот инцидент преставниците на АРМ најавија по пат на соопштение во текот на денот.
XS
SM
MD
LG